Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѕвездата на хит серијата Squid Game која што сруши многу рекорди е првата азиска глумица кој што се најде на насловна страна на магазинот Vouge! (фото)

Актерката, Хојеон Јунг (27 г.), која се прослави со улогата во хит серијата „Squid Game“, стана првата Јужнокорејка која ја краси насловната страница на најновото американско престижно издание на магазинот „Vouge“ за месец февруари.

Минатата есен, пред да почне да се емитува серијата, Јунг имаше 400.000 следбеници на Инстаграм, а денес таа има повеќе од 23 милиони следбеници. За магазинот таа откри дека откако почнала да се емитува серијата нејзиниот живот целосно се променил.

Таа, исто така, откри дека брзото искачување до светот на познатите и станување вистинска ѕвезда не е секогаш лесно.

Не знам зошто, но не можев да јадам. Бев толку збунета и сè беше толку хаотично што не верував дека се случува, едноставно не верував, изјавила актерката.

Таа откри и дека ослабела осум килограми за кратко време, а нејзините обожаватели го забележале слабеењето кога објавила неколку фотографии на својот Инстаграм профил.

Младата актерка се присети и како секојдневно го пребарувала своето име по интернет и ги читала коментарите оставени од сите.

Дури и осум луѓе да ме пофалат, а само двајца да ме критикуваат, јас плачев сама дома. Дури и сега се борам со ниската самодоверба, признала таа за магазинот.

Таа зборуваше и за љубовта кон Њујорк и чувство на мир и спокој откако се преселила во овој град.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!