Покрај фотографиите од богатите трпези, имавме можност да видиме и раскошно уредени домови за време на празниците од балканските јавни личности, а помеѓу нив беше и секогаш провокативната, Станија Добројевиќ, која Бадниковата ноќ ја помина во мир со семејството.
Во топлината на семејниот дом уживаше Станија, а нејзините бројни следбеници на социјалната мрежа Инсаграм имаа можност да видат што ја краси нејзината празнична трпеза.

Познато е дека Добројевиќ секогаш ги поминувала празниците со семејството и тоа гордо го споделувала на социјалните мрежи.