Американката Керол Бауер (57) се разбудила во својот дом во Минесота по ноќта одбележана со снежна бура. Но, кога излегла од куќата била воодушевена од ведрото време и прекрасниот природен феномен.
Таа го разбудила својот сопруг Чак (59) со кој се качила во автомобилот и тргнала на фото-лов на снежниот ореол.
Снежниот ореол е ретка појава во густо населените области и умерената континентална клима, а во Минесота исто така беше единствена можност за одличен фото-мотив.
Феноменот се јавува кога сончевите зраци ги пробиваат ледените кристали во воздухот и создаваат ореол од светлина околу сонцето.
Замрзнувањето на кристалите во воздухот се должи на ниските температури тоа утро (-5 ° C), но и на факторот на ладење со ветерот (-31 ° C).
Ореол најдобро се гледа во Минесота во Грејсвил, каде доминираат рамни пејзажи.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!