Вие имате прво да ја знаете вистината

На повидок историски трансфер на Ерлинг Халанд во ПСЖ!

Париски L’Equipe објави дека фудбалерот, Ерлинг Халанд би можел да стане нов играч на екипата ПСЖ во историски трансфер што би можел да се случи на лето.

ПСЖ, клуб кој што потекнува од истиот град како и изворот, подготви вреден пакет од 300 милиони евра за да го надомести наводното заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид на лето.

Со оваа информација парижаните би влегле во „тепачка“ каде што би учествуваат голем број клубови каде најмногу се истакнуваат шпанските великани Реал Мадрид и Барселона. 

L’Equipe наведува дека во споменатата бројка е вклучено обештетувањето за Борусија Дортмунд, кое се очекува да биде помеѓу 75 и 100 милиони евра, потоа и провизиите на агентот на фудбалеро, Мина Раиоли, додека годишната плата на одличниот голгетер би била 30 милиони евра.

Пред две години со обештетување од 20 милиони евра Халанд дојде во Дортмунд кој на 75 натпревари постигна 20 гола. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!