Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови мерки во Хрватска: Кризниот штаб го намалува дозволениот број на луѓе на собири, маски во црквите и кино салите

На прес-конференција во Бански двори во Загреб пред јавноста се обрати шефот на кризниот штаб Давор Божиновиќ и директорот на ЦНИЈЗ Крунослав Чапак. Божиновиќ вели дека со денови се во преговори со централите на жупаниите каде што се шири инфекцијата.

-Постигнавме некои решенија, од понеделник ќе стапат на сила – рече тој и додаде дека новиот бран ќе изврши притисок врз здравствениот систем.

-Што се однесува до конкретни работи, забранети се јавни собири на отворено за повеќе од 50 лица. Собири со дигитални сертификати од ЕУ веќе нема да може да има неограничен број луѓе, но горниот број е ограничен на 200. Забрана за сите јавни собири во затворени простории со над 25 луѓе, а не 50 како досега – рече Божиновиќ.

-Приватните церемонии ги ограничуваме на 20, а не на 30 како досега. Исклучок се приватните церемонии со сертификати за ковид, може да има до 50 луѓе, рече тој.

Што се однесува до угостителите, повеќе ќе се контролира состојбата во објектите и почитувањето на мерките.

– Бројот на гледачи на спортските натпревари е ограничен. Што се однесува до затворените спортски објекти, дозволено е полнење на 20 отсто од трибините. На отворено таа бројка е 40 проценти, рече тој.

Маските, вели, ќе бидат задолжителни во црквите, кината, музеите…

Засега, вели Божиновиќ, нема скратување на работното време на кафулињата. Но, тој додава дека ќе има засилени контроли дали кафулињата се придржуваат до мерките.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!