Вие имате прво да ја знаете вистината

Повеќе од 70 руски авиони директно се упатуваат кон територијата на Казахстан, што се случува !?

Итно се префрлаат повеќе од 70 борбени авиони IL-76 и пет авиони AN-124 во Казахстан. Ова преставува дел од единица на рускиот контингент во рамките на силите на Здружениот договор за безбедност (ОДКС), изјави претставникот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

Воздушната група формирана од Министерството за одбрана на Русија, 24 часа во Казахстан префрла единици на рускиот контингент од мировните сили на ОДКБ, изјави Конашенков.

Организацијата за Договорот за заедничка безбедност е меѓународна организација од воено-политички карактер, основана во 1992 година од поединечни членки на поранешното СССР.

Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските мировни сили им помогнале на безбедносните сили на Казахстан да преземат целосна контрола над аеродромот во главниот град.

Претходно беше најавено дека руските мировници ќе ги чуваат владините згради и ќе и помагаат на казахстанската армија да го одржува редот и мирот.

Казахстанскиот претседател, Касим-Жомарт Токаев изјави дека уставниот поредок во голема мера е воспоставен во централноазиската земја погодена од големи демонстрации, во кои загинаа десетици луѓе, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан во одвоено соопштение соопшти дека се убиени 26 „вооружени демостранти“, а повеќе од 3.000 се приведени, додека 18 полицајци и членови на Националната гарда го изгубија животот од избувнувањето на протестите оваа недела.

Во меѓувреме, според властите во Казахстан пристигнал авион со војници од блокот на шест поранешни советски земји, на чело со Русија, за истите властите тврдат дека се мировници.

Казахстанскиот претседател Токаев го побара нивното пристигнување за помош. Протестите започнаа во неделата во главниот град, поради незадоволството од поскапувањето на горивата, а потоа се проширија во повеќе градови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!