Вие имате прво да ја знаете вистината

Познат австралиски адвокат: Постојат големи шанси Новак Ѓоковиќ да се натпреварува на АО!

По одлуката на Граничната полиција во Мелбурн да не му даде виза а со тоа и да не му дозволи влез на Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот е сместен во изолација, а пред изолацијата тој се соочи со аеродромскиот притвор по што беше испратен во карантинскиот хотел, без никаков имот освен сопствениот телефон.

Федералната влада одлучи да му ја поништи визата, по што следуваше жалба од адвокатите на Новак, која ќе биде разгледана во понеделник. Тие стравуваат дека српскиот тенисер може да биде депортиран а со тоа да му се одземе шансата да ја одбрани титулата на Австралија опен и да ја оствари рекордната 21. Гренд слем титула во кариерата. Трошка надеж се појави во зборовите на познатиот австралиски адвокат, Џастин Квил, кој претпоставува дека Ѓоковиќ сепак ќе може да настапи на првиот голем турнир оваа година.

Има големи шанси Ѓоковиќ да игра на Австралија опен. Претпоставувам ќе се процени дека ќе биде потребно повеќе време за да се спроведе целосна истрага и да се донесе конечна пресуда а додека не се реши се, ќе му биде дозволено да остане во земјата и да се натпреварува, а потоа адвокатите ќе разговараат со надлежните служби во наредните недели и месеци за сè што треба. На крајот, целиот случај ќе стане практично ирелевантен, но претпоставувам дека тоа ќе биде компромисно решение, изјави Квил

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!