Вие имате прво да ја знаете вистината

Поштар патувал низ земјата и се вакцинирал: „Примив 11 дози, Јас бев надрилекар па знам нешто“

Еден човек во индиската држава Бихар примил вакцина против Ковид-19 најмалку осум пати минатата година, изјави тамошен здравствен претставник.

Но, 65-годишниот Брахдео Мандал тврди дека примил дури 11 дози.

Тој пензиониран поштар вели дека инјекциите му помогнале да се ослободи од болката и да остане здрав. Тој тврди дека поради тоа не претрпел никакви штетни последици, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, Мондала на крајот беше спречен да ја прими, како што тврди тој, 12-та доза вакцина во кампот за вакцинација минатата недела.

Во тек е истрага за да се открие како Мандал, кој живее со своето семејство во областа Мадхепура, успеал да добие толку многу дози од вакцината.

„Веќе најдовме докази дека тој примил осум дози на четири различни места“, рече Амарендра Пратап Шахи, хирург од Мадхепура.

Откако започна вакцинацијата на 16 јануари минатата година, Индија главно користеше две локално произведени вакцини, Covishield и Covaxin.

Две дози со разлика од половина час

Вакцинацијата е доброволна, а повеќе од 90.000 центри, главно државни, нудат инјекции на национално ниво.

Ова ги вклучува камповите за вакцинација кои нудат влез без претходна онлајн регистрација. За регистрација, корисникот треба да обезбеди доказ за идентитет – биометриска лична карта, гласачка картичка или возачка дозвола.

Податоците потоа се поставуваат на индискиот портал за вакцинација CoWin.

Раните истраги открија дека Мандал успеал да прими „две дози со разлика од половина час“ во ист ден и секое од тие вакцинирања „било регистрирано на порталот“.

„Ние сме збунети како тоа можело да се случи. Се чини дека е некаков пропуст на порталот. Исто така се обидуваме да откриеме дали имало некаква небрежност од страна на луѓето кои управуваат со центрите за вакцинација“, рече Шахи.

Експертот за јавно здравје Чандракант Лахарија изјави за Би-Би-Си дека „единствениот начин“ да се случи тоа е податоците за вакцинација да бидат поставени на порталот со долго задоцнување.

„Но, сè уште се прашувам како тоа не беше откриено по толку многу вакцини во текот на толку долго време“.

Мандал, кој чувал детални, рачно напишани белешки за датумите, времето и камповите за вакцинација, тврди дека примил 11 дози помеѓу февруари и декември минатата година.

„Ми поминаа болките“

Тој за Би-Би-Си изјави дека патувал во камповите за вакцинација низ Мадхепура, па дури и во најмалку два соседни окрузи, еден оддалечен повеќе од 100 километри, за да ја прими вакцината. Тој користел различни лични карти за да се регистрира на нивната веб-страница.

Мандал вели дека бил „надрилекар“ во неговото село пред да ја преземе работата како поштар, па „знаел нешто за болестите“.

“По вакцините, болките во моето тело исчезнаа. Порано имав болки во коленото и одев со бастун. Не повеќе. Се чувствувам добро”, рекол Мандал.

Треска, главоболка, замор и болка, главно благи до умерени, се најчесто пријавени несакани ефекти по вакцината против Ковид-19. Тешките алергиски реакции се поретки.

„Овие реакции обично ќе ги добиете по првата и втората доза. Повеќе дози од овие вакцини треба да бидат прилично безопасни бидејќи антителата се веќе формирани и вакцините се составени од безопасни компоненти“, вели Лахарија.

Околу 65 отсто од возрасната популација во Индија е целосно вакцинирана, а околу 91 отсто примиле барем една доза.

Бројките во Бихар се пониски – 36 отсто од возрасната популација е целосно вакцинирана, а 49 отсто примиле барем една доза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!