Вие имате прво да ја знаете вистината

САД и Јапонија загрижени за растечката моќ на Кина: Напредокот на Кина може да донесе дестабилизација на светот

Властите на САД и Јапонија денес изразија силна загриженост поради зголемената моќ на Кина и ветија дека ќе работат заедно за да се спротивстават на обидите за дестабилизација на регионот.

Во заедничката изјава на двата сојузника, по виртуелната средба на нивните министри за надворешни работи и за одбрана, се изразува загриженост за Кина и растечките тензии околу Тајван.

Во соопштението се додава дека напорите на Кина да го поткопа поредокот заснован на правила поставуваат политички, економски, воени и технолошки предизвици за регионот но и за светот, што поттикна одлука за заедничка соработка помеѓу двете земји, што преставува неопходен одговор на дестабилизирачки активности во регионот.

Министрите, исто така, истакнаа дека споделуваат сериозна и континуирана загриженост за прашањата за човековите права во кинескиот регион Ксинџијанг и Хонг Конг, и ја истакнаа важноста на мирот и стабилноста во Тајванското Море.

По средбата, јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши изјави дека Токио го објаснил својот план за ревидирање на стратегијата за национална безбедност со цел суштински да ги подобри одбранбените капацитети, за што, како што изјави, има силна поддршка од американските сојузници.

Претходно американскиот државен секретар, Ентони Блинкен изјави дека двете земји ќе потпишат нов договор за соработка во областа на одбраната со цел да се спротивстават на новите закани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!