Вие имате прво да ја знаете вистината

Унгарската полиција пукала во камион кој што пренесувал 30 мигранти!

Унгарската полиција пукала во камион со околу 30 лица осомничени дека биле се илегални мигранти, откако без застанување поминал низ контролен пункт на границата со Австрија, соопшти унгарската полиција.

Полицијата во областа Ѓер-Мосон-Шопрон соопшти дека полициските патроли во пограничното село Харка минатиот ден забележале камион кој се движи со голема брзина кон граничниот премин.

Еден од полицајците застанал пред камионот, сигнализирајќи дека мора да застане за да биде проверен, но наместо тоа, возилото забрзало, принудувајќи го службеникот да отскокне од патот.

Неговиот колега потоа пукал додека се обидувал да го принуди возилото да го промени правецот, се вели во соопштението на полицијата објавено на нивната веб-страница.

Камионот со унгарски регистерски таблички ја преминал границата и потоа се расипал.

Австриската полиција го уапсила возач кој е египетски државјанин и околу 30 патници од непозната националност кои биле во задниот дел на камионот, соопшти унгарската полиција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!