Вие имате прво да ја знаете вистината

Американски дипломат во НАТО ги отфрли извештаите за повлекување на војниците во Источна Европа

Највисокиот дипломат на НАТО ги отфрли информациите дека САД се подготвуваат да ги намалат трупите во Источна Европа пред разговорите со Русија за тензиите на границата со Украина.

„Администрацијата не подготвува опции за повлекување на силите во Источна Европа“, објави на Твитер американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит откако NBC прв објави дека се разгледуваат промени во бројот на војниците во Полска и на Балтикот.

Клучните разговори меѓу Москва и Вашингтон во понеделник имаат за цел да ги смират тензиите по неколкумесечната загриженост на Западот дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја нападне украинската територија како во 2014 година кога Русија го анектираше полуостровот Крим.

Русија негира дека се подготвува за инвазија на Украина и ја обвинува Украина за преместување на војниците во регионот на Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти.

Путин бара НАТО да не се шири на исток и да вети дека нема да ја прими Украина во тој сојуз.

Русија вели дека се плаши за сопствената безбедност поради напредокот на НАТО. Многу поранешни комунистички држави кои беа дел или тесно поврзани со Советскиот Сојуз се приклучија на НАТО по крајот на Студената војна.

Западната воена алијанса ги отфрли тврдењата за закани кон Москва како апсурдни. Украина е близок сојузник на НАТО, но не и членка на алијансата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!