Вие имате прво да ја знаете вистината

Братот и тетката на Јелена Карлеуша сведочеа против Душко Тошиќ: Ja плукна и Ja удри по лицето

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, а во полиција сведочеле и членовите на нејзиното семејство кои изјавиле дека фудбалерот прво ја плукнал, а потоа ја удрил сопругата.

Бидејќи вчера беше православниот празник Божиќ, семејството Карлеуша-Тошиќ ги посетија роднините. Меѓу гостите во вилата на Дедиње биле братот на Јелена, Марко и тетката Данијела, кои подоцна сведочеле за немилиот настан.

Српските медиуми наведуваат дека пејачката околу 12:20 часот се јавила во полиција и го пријавила сопругот, а се уште не е позната капислата која довела до расправијата на парот.

Полицијата набрзо дошла во нивната вила и заклучила дека Тошиќ прво ја плукнал, а потоа и удрил шлаканици, а пејачката имала видлива исеченица на лицето. Вака го опишаа настанот сведоците, братот на Карлеуша, Марко и нејзината тетка Данијела.

И овој пат пејачката не сакаше да даде изјава во полиција. Но, тие ја увиделе сериозноста на ситуацијата и инсистирале парот да дојде во полициската станица Савски венац за да даде изјави, но Карлеуша одбила.

Дежурниот заменик-обвинител конечно наредил разговор со Тошиќ и сведоците кои го виделе нападот. Адвокатот на Тошиќ, Небојша Перовиќ, прво дошол во полициска станица и рекол дека нема насилство, а потоа дале исказ Марко и Данијела.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!