Вие имате прво да ја знаете вистината

Долг телефонски разговор помеѓу Путин и лидерот на Казахстан, за што разговарале !?

Во текот на долгиот телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев детално ја опишал ситуацијата во неговата земја и посочил дека ситуацијата се стабилизира, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин имал долг телефонски разговор со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, каде што детално зборувале за актуелната состојба во земјата и потврди дека ситуацијата полека се стабилизира, се наведува во соопштението.

Прес-службата на Кремљ додава дека претседателот на Казахстан изразил благодарност за помошта што ја даваат партнерите во Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), а особено Русија.

Покрај тоа, Кремљ соопшти дека претседателите размениле мислења за мерките што се преземаат за воспоставување ред во Казахстан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!