Вие имате прво да ја знаете вистината

Нигерија исто така работи на развој на сопствена вакцина против коронавирусот

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари рече дека неговата земја исто така работи на правење сопствена вакцина против коронавирусот.

Здравствените експерти процениле дека треба тројно да се зголеми бројот на вакцинирани во оваа земја за да може повеќе од половина од населението да се вакцинира до крајот на следната година. Целта е да се вакцинираат 70 отсто од населението на оваа земја во Западна Африка, а за тоа досега се обидоа со помош на вакцини од глобалниот механизам COVAX.

Проблемот е што голем број од овие вакцини наскоро ќе истечат, а минатиот месец беа уништени милион вакцини со поминат рок.

„Ние работиме напорно со Министерството за здравство за да направиме вакцини. Не сакаме ништо да прејудицираме додека не успееме во тоа“, рече Бухари за време на интервјуто за нигериската државна телевизија.

Министерот за здравство Олорунимбе Мамора изјави за Си-Ен-Ен дека целта е да се овозможи производство на вакцини за две до три години. Тој истакна дека тоа значително ќе зависи од тоа колку пари ќе има за оваа намена.

„Производството на вакцини не завршува во еден миг. Во четврток, на 6 јануари, имавме средби со некои од нашите меѓународни и финансиски партнери за развој на нашиот центар за производство на вакцини. Тоа е проект на Владата и на домашна фармацевтска компанија. – изјави Мамора.

Само помалку од четири проценти од 200 милиони жители на Нигерија се целосно вакцинирани. Министерот за здравство смета дека тоа е последица на тоа што многу граѓани се во дилема дали да се вакцинираат. Тој е убеден дека се прави се за да се поттикне вакцинацијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!