Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан уапсен под сомнение за предавство!

Властите во Казахстан го уапсија Карим Масимов, поранешен шеф на Комитетот за национална безбедност, под сомнение за предавство, соопшти денес Комитетот.

Масимов, кој беше отпуштен оваа недела додека беснееја протести низ централноазиската земја, беше приведен заедно со уште неколку официјални лица, се вели во соопштението, во кое не се наведени други приведени или други детали за акцијата.

Десетици луѓе беа убиени, а јавните згради низ Казахстан беа ограбени и запалени во најголемото насилство што поранешната советска република го доживеа во своите 30 години независност. По неколкудневно насилство, безбедносните сили се чини дека го вратија мирот на улиците во главниот град на Казахстан. 

Претседателот главно поддржан од Русија, Касим-Жомарт Токаев изјави дека им наредил на своите војници да пукаат без предупредување за да убијат а со тоа и да го задушат востанието низ целата земја.

На покана на претседателот, воената алијанса предводена од Русија беше распоредена во време на висока тензија во односите Исток-Запад. Уапсениот Масимов важи за близок соработник на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. 

Масимов двапати беше премиер на државата, а беше и шеф на претседателската администрација за време на Назарбаев.

Назарбаев (81 г.) беше владетел со најдолг стаж на поранешната советска држава додека не му ја предаде претседателската функција на актуелниот претседател, Токаев во 2019 година. Се верува дека неговото семејство го задржало влијанието во Нур-Султан, наменски граден главен град што го носи неговото име.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!