Вие имате прво да ја знаете вистината

Силви Мејс: Жената која ги доби сите битки во животот!

Холандската манекенка и бизнисменка Силви Меис (43 г.) редовно споделува секси фотографии на својот Инстаграм профил. Таа зимскиот одмор го поминува на температури над 30 степени, на што и позавидуваат многу нејзини следбеници.

Силви денес ужива во удобен живот, а не така одамна мина низ агонија. Пред десет години и беше дијагностициран рак на дојка, но успеа да се опорави. Силви ја користи својата популарност и за да го привлече вниманието на жените за важноста на редовните прегледи на градите, бидејќи тоа може да им го спаси животот.

Неколку години подоцна, нејзиниот тогашен сопруг, познатиот фудбалер Рафаел ван дер Варт ја изневерил со нејзината најдобра пријателка Сабија Булахруз.

Неодамна, нејзиниот син Демијан од бракот со Рафаелпм ван дер Варт одлучи дека сака да живее со својот татко и неговото ново семејство. Силви не криеше дека многу ја погодила оваа одлука и дека долго плачела, но на крајот го прифатила изборот на синот и се помирила со фактот.

Силви од минатата година е премажена за Никлас Кастело, а сега изгледа одлично и чекори успешно на сите полиња.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!