Вие имате прво да ја знаете вистината

Мајка го стави своето дете во багажникот од автомобил за да не ја зарази со корона, го носела на ПЦР тестирање

Учителка од Соединетите Американски Држави е уапсена под обвинение дека го заклучила својот син, кој се заразил со ковид-19, во багажникот на автомобил за да се заштити од вирусот додека возела до полигонот.

Според Би-Би-Си, 41-годишната Сара Бим е обвинета за загрозување на дете.

Се се случи на 3 јануари. Полицијата била повикана од сведок кој слушнал дека некој е во багажникот на автомобил. Кога стигнале, учителката го отворила багажникот, а внатре имало 13-годишник. Таа рече дека нејзиниот син бил позитивен на коронавирусот и тие се упатиле кон стадионот Приџон, каде што има точка за тестирање за да направат уште еден позитивен тест. Таа на полицијата и рекла дека го заклучила тинејџерот во багажникот за да не се зарази самата.

Здравствените работници и рекле дека нема да ги тестираат за коронавирус додека на детето не му биде дозволено да седне на задното седиште од автомобилот.

Бим е вработена во средното училиште Сајпрес Фолс од 2011 година, но моментално е на одмор. Полицијата соопшти дека добила пријава дека детето е во багажникот, по што започнале постапка против неа.

– Спроведена е целосна кривична истрага која резултираше со апсење. Детето за среќа не е повредено.

Ричард Стандифер од Одделот за јавна безбедност во Тексас изјави за локалните медиуми дека детето можело да биде сериозно повредено доколку се случел судир.

– Никогаш во кариерата не сум слушнал дека некој би завршил во багажникот само затоа што е позитивен на тест – заклучил тој, пренесува Би-Би-Си.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!