Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор снимки на мртви туристи во Пакистан! 26 луѓе го загубија животот а повеќе од 100 се заглавени под големиот снег! Туристите тргнале да го видат снегот но завршиле кобно! (вознемирувачко видео)

Најмалку 26 лица го загубија животот откако обилниот снег ги зароби туристите во возилата во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.

Околу 1.000 возила останаа заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид.

Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.

Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот во нивните автомобили. Повеќе од 100.000 автомобили влегоа во Мура во последните денови за да бидат сведоци на невообичаеното снежно невреме.

Ова предизвика огромен сообраќаен метеж на патиштата кои водат кон и од градот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека најмалку шест лица се замрзнале во своите автомобили, но се уште не е јасно како другите починале. Како можна причина се наведува гушењето по вдишување на премногу пареа.

Рашид додаде дека владата ги повикала армијата и цивилните вооружени сили за итни операции за спасување на речиси илјада возила кои сè уште се закопани под снегот.

Сите патишта до Мура ќе бидат затворени за туристи и отворени само за луѓето кои обезбедуваат помош за оние кои се уште се заробени, додаде министерот.

Снегот почна да паѓа во вторникот вечерта и продолжи така во редовни интервали се до денес, што доведе до прилив од илјадници туристи.

Оваа област сега е прогласена за област на катастрофа и луѓето се повикуваат да се држат настрана.

Луѓето се соочуваат со ужасна ситуација, изјави за новинската агенција АФП по телефон Усман Абаси, турист заглавен во град каде сè уште паѓа силен снег.

Не само туристите, туку и локалното население се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои и недостатокот на гас и вода, додаде тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!