Вие имате прво да ја знаете вистината

ЦДЦ предупредува на 6 симптоми на омикрон кои бараат итна медицинска помош

По предупредувањето од Светската здравствена организација дека сојот омикрон не е лесен, следува предупредување од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој предупредува на шест опасни симптоми на омикрон за кои е потребна итна помош во болница, објави Дејли Експрес.

Симптомите на вирусот омикрон вклучуваат проблеми со дишењето, постојана болка или притисок во градите, конфузија, неможност да се разбудите или тешкотии да се остане буден, бледа, сива, сина кожа, устата или ноктите.

ЦДЦ додава дека ова не се сите симптоми и дека пациентите пријавиле други различни симптоми.

Се додава дека симптомите може да се појават од вториот до 14-тиот ден по изложувањето на вирусот и дека секој може да има симптоми кои варираат од благи до тешки, пренесува Nova.rs.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!