Вие имате прво да ја знаете вистината

Човекот кој што сам се прогласи за организатор на немирите во Казахстан осуден на доживотен затвор! Зад неговото име се кријат големи банкарски измами!

Бегалецот односно казахстански банкар и опозициски политичар, Мухтар Абљазов од својот егзил во Париз се прогласи за водач на бунтот и протестите што ја зафатија централноазиската држава Казахстан веднаш по Нова година. Абљазов за медиумите се пофали дека стои зад протестите во Казахстан и дека секојдневно е во контакт со демонстрантите кои постојано барале инструкции од него.

Мухтар Абљазов го повика Западот да реагира на она што се случува во неговата земја, бидејќи ако остане настрана, како што изјавил, Владимир Путин ќе го потчини Казахстан на своите интереси и Казахстан ќе го направи нова Белорусија.

Мухтар Абљазов, поранешен сопственик на банката БТА и дел од владејачката структура околу Назарбаев, беше обвинет за проневера на 4,5 милијарди долари од сопствената банкарска сметка во Казахстан пред неколку години (некои руски извори наведуваат 7,5 милијарди долари), за што бил осуден на доживотен затвор, а неодамна во Русија, за финансиска измама и измама со заеми од руски банки, исто така во отсуство е осуден на 15 години затвор.

Абљазов потоа се пресели во Франција, каде што добил и политички азил во 2020 година, иако се чинеше дека ќе биде екстрадиран во Казахстан во 2016 година, а Париз ги одби барањата за екстрадиција кои доаѓаа и од Нур Султанот и од Москва. Руските про-Кремљ медиуми веќе објавија дека Абљазов се наоѓа во Киев, од каде планирал насилно да се обиде да ја собори легално избраната влада.

Московски весник наведува дека Абљазов е во Украина од минатата година и дека таму го преселил седиштето на неговото опозициско движење, Демократскиот избор на Казахстан. На движењето му е забрането да дејствува во Казахстан, а Министерството за правда го прогласи за екстремистичка организација.

Московскиот весник вели дека е тешко да се поверува дека Абљазов е организатор на протестите кои избувнаа поради поскапувањето на горивото, но соопштија дека ја искористил ситуацијата и незадоволството на демонстрантите за обид за државен удар и соборување на владата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!