Вие имате прво да ја знаете вистината

Човек од Индија тврди дека вакцината против Ковид-19 ја примил 12 пати а со тоа му се подобрила здраствената состојба!

Човек од Индија тврди дека примил 12 дози од вакцината против вирусот Ковид-19 и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми, а оваа информација ја пренесоа неколку светски медиуми.

Пензионираниот поштар, Брамдео Мандал од индиската држава, Бихар изјавил дека дозата ја примил девет пати со пријавување со помош на различни лични карта, а дополнителни дози успеал да ги добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата.

Тој за Њујорк Тајмс изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.

Верувам дека тоа ми помага за општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна дека претходно сум примил вакцина, изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози од вакцините против вирусот му придонесуваат за подобрата општата здравствена состојба која не е поврзана со вирусот Ковид-19, а Мандал посочи дека сакал да прима повеќе дози од вакцината.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!