Вие имате прво да ја знаете вистината

Што се случува во Казахстан, зошто започнаа немирите во таа држава, како Русија се вклучува во процесот и што е следно за таа држава. Погледнете детало како изгледа ситуацијата во Казахстан (фото)

Безбедносните сили во Казахстан соопштија дека убиле десетици демонстранти во главниот град за да ги смират масовните немири кој што избија пред неколку дена.

Војници од други земји, вклучително и Русија, се испратени да помогнат во стабилизирањето на состојбата во земјата.

Каде е Казахстан и каква земја е тоа ?

Казахстан е огромна земја, со големина приближна како Западна Европа, се наоѓа во Централна Азија и се граничи со Русија и Кина. Се состои главно од планини и суво степско земјиште, со население од само 19 милиони луѓе. Независноста ја добива во 1991 година, по распадот на Советскиот Сојуз (СССР).

Што се случува во Казахстан ?

Демонстрациите започнаа со масовни протести на 2 јануари во градот Жанаозен, град што преставува нафтен центар и место на смртоносни судири помеѓу демонстрантите и полицијата пред нешто повеќе од 10 години.

Протестите потоа се проширија во остатокот од земјата. Безбедносните сили велат дека убиле неколку демостранти во главниот град во обид да воспостават ред. Од полицијата соопштуваат дека демонстрантите се обиделе да ја преземат контрола над полициските станици во градот, но не успеале.

Претседателот Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави дека 20.000 бандити го нападнале главниот град и дека им дал јасна наредба на безбедносните сили да пукаат без предупредување во демострантите.

Се наведува дека ширум земјата се повредени околу 1.000 лица, а 400 се згрижени во болница и се борат за живот, додека повеќе од 3.000 луѓе се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи. На територија на цела држава е прогласен е полициски час, а масовните собири се забранети.

Зошто започнаа немирите во Казахстан ?

Протестите започнаа кога владата го укина ограничувањето на цените за течниот нафтен гас (ТНГ). Многу жители на оваа држава ги направија своите автомобили да користат ТНГ бидејќи беше поевтин од другите горива.

Сепак, владата соопшти дека ограничувањето на цената довело до недостиг на ТНГ и дека повеќе не може да си дозволи да го зголеми снабдувањето.

Се чини дека демострантите имаат други поплаки па така некој од нив го извикуваа името на Назарбаев и се обидоа да ја урнат неговата бронзена статуа. По повлекувањето од претседателската функција, Назарбаев продолжи да има силна позиција во владата како претседател на Советот за безбедност на Казахстан.

Тој, исто така, се чинеше дека ја подготвува својата ќерка, Дариг за иден лидер на државата, според информациите од странските медиуми. Со цел да се смират демонстрантите и со тоа претседателот Назарбаев да биде сменет од функцијата.

Како Русија се вклучува ?

Руски падобранци беа испратени во Казахстан на барање на казахстанскиот претседател за да помогнат во стабилизацијата на државата. Тие беа испратени под покровителство на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКС). Станува збор за група земји составена од Русија, Казахстан, Белорусија, Таџикистан, Киргистан и Ерменија, кои се појавија по распадот на Советскиот Сојуз како воени сојузници кои ја гарантираат безбедноста.

ОДКС, со која во моментов претседава Ерменија, обвини за проблемите настанати во државта дека се виновни бандити кои се пратени да формираат инвазија од странство. Се проценува дека 2.500 војници биле испратени во Казахстан, од други земји на ОДКБ, но најмногу од Русија.

ОДКС вели дека војниците се мировници кои ќе ги штитат државните и воените објекти како што се гасоводот, руските воени бази и руската вселенска станица на Бајконур.

Што е следно ?

Владата на Казахстан прави отстапки. Таа го одложи укинувањето на ценовниот лимит на ТНГ – наложи шест месеци да се регулираат цените на сите горива за возилата. Сменети се и повеќе министри. Претседателот, Касим-Жомарт Токаев изјави дека владата не успеала да изврши една од нејзините главни задачи односно да ја држи инфлацијата под контрола.

Сепак, дури и ако безбедносните сили ги задушат протестите во главниот град, тие би можеле да потраат подолго во Жанаозен, вели Бен Годвин, шеф на анализниот штаб во Prism Political Risk Management.

Градот има историја на антивладини штрајкови и демонстрации. Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави се прашуваат дали војниците на ОДКБ се легитимно поканети во земјата. Белата куќа соопшти дека ќе го следи секое кршење на човековите права и какви било дејствија што би можеле да доведат до окупирање на институциите на Казахстан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!