Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Москва до петок најавија половина метар снег

Во Москва висината на снегот до следниот петок ќе достигне половина метар, што последен пат е забележано во јануари 1942 година.

Јевгениј Тишковец од метеоролошкиот центар Фобос изјавил дека е речиси двојно повеќе од нормата, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека последен пат толку многу снег во Москва бил забележан во јануари, пред 80 години, кога снежната покривка била висока 49 сантиметри.

Тишковец истакна дека во следните седум дена во главниот град на Русија може да има снег како и обично во цел јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!