Вие имате прво да ја знаете вистината

За 2 години откажал преку 50 настапи! Халид Бешлиќ: Нема да настапувам додека луѓе лежат по болниците

Пејачот на фолк музика Халид Бешлиќ зборуваше за животот за време на пандемијата, како и за тоа како севкупната ситуација влијаела на неговата работа.

„Во некои нормални времиња имав 10, 15, 20 свирки месечно. Имаше вкупно десет од кога започна корона кризата. Десет настапи за две години“, изјави пејачот за 24sata.hr.

Тој вели дека мислел дека пандемијата ќе помине за неколку месеци и дека за половина година од почетокот на пандемијата не познавал никој што е заболен од коронавирус. Потоа слушнал за неколку познаници, а сега ситуацијата е таква што и денес живее во изолација во страв од вирусот.

„Поголемиот проблем од самата корона е тоа што луѓето не сакаат да се вакцинираат. Ако сите се вакциниравме, би го ублажиле ширењето на вирусот за 80, ако не и 90 проценти. Секогаш сум за почитување на сè. Научниците велат. Секако дека сè уште има такви кои зборуваат со небулози кои велат дека вирусот е местенка. Дали неколку милиони луѓе во светот умреле од наместена работа?“, раскажува и признава дека се плаши за своите најблиски.

„Што ќе биде, ќе биде. Моето заврши, само нека се добро децата. И ова ќе заврши, и важно е сите да останеме здрави дотогаш“, рече тој.

За овие две години откажани се педесетина настапи – од Истанбул, Дубаи, Западна Европа, Америка, Канада …

И после тоа, тој самиот почна да одбива големи суми за настапи на приватни забави.

„Не сакам да пеам додека луѓето лежат по болници, нема такви пари, одбив се. Немам потреба да се докажувам, пеам за душа кога ќе ми дојде и ги почитувам правилата. Ќе има време за песни, а другите нека прават како што мислат“, заклучува тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!