Вие имате прво да ја знаете вистината

Ирачкиот парламент не успеа да избере претседател

Ирачкиот парламент ја одржа првата седница по општите избори во октомври, но не успеа да избере претседател.

Според Ројтерс, изборниот процес бил нарушен бидејќи конкурентските политички блокови тврделе дека имаат парламентарно мнозинство.

По жестоки дебати и извици од пратениците, привремениот спикер Махмуд ал-Машахадани одлучи да ја прекине седницата. На најстариот пратеник Машахадани (73) ненадејно му се слошило и со Брза помош бил пренесен во болница.

Прес-службата соопшти дека ќе треба да биде назначен нов привремен претседател за да може парламентот да продолжи да работи.

Како лидер на најголемиот блок, шиитскиот свештеник Муктада ал Садр, кој се памети како водач на бунтот против американските сили по инвазијата во 2003 година, има предност во изборот на нов премиер, објави АП.

Ал Садр беше најголемиот победник на изборите на 10-ти октомври, обезбедувајќи 73 од 329 места во парламентот.

Парламентот потоа ќе треба да избере нов претседател, кој ќе има 15 дена да го назначи премиерот кога ќе го предложи најголемиот блок да формира нова влада.

Според неофицијален договор кој датира од инвазијата во 2003 година, претседателот на Ирак, кој има главно церемонијална улога, е Курд, додека премиерот е шиит, а претседателот на парламентот е сунит.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!