Вие имате прво да ја знаете вистината

Посебен сообраќаен режим во Скопје во наредните три дена

Министерството за внатрешни работи известува за посебен сообраќаен режим во Скопје во наредните три дена, 10, 11 и 12 јануари 2022 (понеделник, вторник и среда) поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета на Северна Македонија.

МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!