Што би рекол Гете: „Најголемиот човек останува дете“. Колку и да сме возрасни, во нас има работи и желби кои не можат да се променат, па така и некои ситни задоволства, како играњето во парк.
Една група пензионери решила малку да се забавува на клацкалка, не грижејќи се за можните последици по нивното здравје.
Во видеото можеме да видиме како стојат на гредата во низа, како на час по физичко. Поставена е како клацкалка, па решиле внимателно да се движат лево-десно за да постигнат ефект на замавнување.
Но, во еден момент дедовците почнаа да се нишаат и да губат рамнотежа, а неколку од нив завршија на земја.
Видеото го насмеа интернетот, меѓу кои и нас, но сепак се надеваме дека нема повредени.