Вие имате прво да ја знаете вистината

Вознемирувачки податоци: Штетите од природни катастрофи во 2021 година достигнаа 120 милијарди долари

2021 година беше меѓу најскапите во историјата на осигурувањето поради урагани и зимски бури во Соединетите држави, соопшти реосигурителот Munich Re, предупредувајќи дека климатските промени ги зголемуваат шансите за екстремни временски настани.

Осигурената штета од природни катастрофи беше околу 120 милијарди долари минатата година, а поголема беше само во 2017 година кога достигна 146 милијарди долари, поради ураганите Харви, Ирма и Марија.

Тешка беше и 2011 година, обележана со силни земјотреси во Јапонија и Нов Зеланд и во 2005 година кога ураганот Катрина го опустоши Њу Орлеанс.

Проценката на Munich Re е повисока од онаа на Swiss Ra, која во декември пресмета дека вкупната осигурена штета во 2021 година изнесува 105 милијарди долари.

Уделот на САД во минатогодишната штета е невообичаено висок поради декемвриското торнадо, ураганот Ајда и зимските бури во Тексас, соопшти Минхен Ре.

„Сликите од природни катастрофи во 2021 година се вознемирувачки. Истражувањата за климата се повеќе потврдуваат дека шансите за екстремни временски настани се зголемени“, рече членот на одборот на Минхен Реа, Торстен Јеворек.

Во природните катастрофи загинаа речиси 10.000 луѓе, како и претходните години. Вкупната штета, вклучувајќи ја и онаа што не била покриена со осигурување, изнесува 280 милијарди долари и е четврта по скалата на материјални последици од уништување.

Ураганот Ајда предизвика осигурена штета на потегот од Њу Орлеанс до Њујорк од 36 милијарди долари. Штетата од зимската бура која првенствено го погоди Тексас изнесува околу 15 милијарди долари, а се проценува на милијарди и во случајот на поплави во Германија.

„Статистиката за катастрофи за 2021 година остава силен впечаток бидејќи одредени екстремни временски настани спаѓаат во категоријата на оние кои најверојатно ќе станат почести или сериозни поради климатските промени“, рече Ернст Рауч, главен научник за клима и географија во Минхен Реа.

Многу научници се согласуваат дека временските настани во 2021 година се влошени од климатските промени и дека затоплувањето на атмосферата на Земјата ќе ја влоши ситуацијата во следната деценија и понатаму.

Осигурениците ги зголемија цените на полисите во некои случаи поради поголемата веројатност за катастрофа, а во некои ги суспендираа осигурителните услуги, забележува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!