Вие имате прво да ја знаете вистината

Возот го искрши авионот кој слета на пругата, случаен минувач го снимил овој неверојатен судар(Видео)

Полицијата во Лос Анџелес, Калифорнија извлече пилот од Цесна што се урна на железничка пруга неколку секунди пред возот да удри во авион и да го распарчи.

Драматично видео во сопственост на Ројтерс покажува како неколку полицајци ослободуваат маж од урнатиот авион, кој се се срушил набргу по полетувањето во областа Пакоима, објавија локалните медиуми. Полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога воз што поминувал го удрил авионот.

„Авионот не успеа да полета и присилно слетал на железничка пруга на сообраќајна раскрсница“, рече Луис Хименез, 21-годишен композитор кој го снимил видеото. „Само неколку секунди пред судирот, полицајците го спасија пилотот, а парче од остатоците за малку ќе ме погодеше“.

Пилотот се здобил со исеченици и модринки, но тој е во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми. Во возот нема повредени, јавуваат и локалните медиуми.

Видеото објавено од полициската управа во Лос Анџелес на Твитер покажува снимка од камерата на полицајците како го вадат раскрвавениот пилот од авионот.

Одделот ги пофали своите вработени пишувајќи во твит дека „покажале херојство и брза акција спасувајќи го животот на пилотот кој бил принуден да слета на железницата“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!