Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали заврши драмата во Мелбурн? Ѓоковиќ на суд ја победи Австралија, јавниот обвинител повторно се заканува, ќе го протераме!?

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ на суд ја победи австралиската влада и беше ослободен. Новак доби виза, му беа вратени пасошот и личните документи, а Австралија ќе мора да му ги плати сите трошоци.

Судијата Кели донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен по повторното судење. На австралиската влада и е наложено да ги плати сите трошоци, да биде ослободен во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и личните работи.

Одлуката на судот ја потврди и адвокатот на Новак, Ник Вуд.

Јавниот обвинител Кристофер Тран вели дека сè уште не е готово.

Новак Ѓоковиќ на суд ја победи австралиската влада и беше ослободен.

Ѓоковиќ доби виза, му беа вратени пасошот и личните документи, а Австралија ќе мора да му ги надомести сите трошоци.

Сепак, тоа не е крајот.

Кристофер Тран се заканува и вели дека министерот за имиграција Алекс Хок го има последниот збор.

Според него, тој се уште има право да го депортира Ѓоковиќ.

Доколку одлучи, Ѓоковиќ ќе добие забрана за влез во Австралија во следните три години.

Кристофер Трен изјави дека и покрај ваквата одлука на судијата, за Ѓоковиќ сè уште не е готово, бидејќи последниот збор го има министерот за имиграциско право, Алекс Хок.

Свој одговор на тоа имаше и судијата Кели, кој остро му одговори на Трен да не ја користи заканата за повторно затворање на Ѓоковиќ користејќи ја извршната власт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!