Вие имате прво да ја знаете вистината

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

Во Италија од денеска до завршување на вонредната состојба на 31 март ќе важи суперзелениот сертификат (сертификат за вакцинирани против коронавирус и оние кои прележале Ковид-19, но не и за тестирани со ПЦР или антиген тест) кој станува задолжителен за хотели и друго сместување, за прослави по верски или граѓански церемонии, за изложби, за конгресни центри, за отворени простории на ресторани, за базени, спортски сали, за групни спортови, за бањи, за културни центри, за социјални центри, за активности на отворено.

Од денеска суперзелениот сертификат во Италија ќе биде потребен за авиони, возови и траекти, како и за јавен превоз. Одредбата за домашниот транспорт предизвика загриженост кај жителите на малите италијански острови, за кои фериботите и авионите се единствената врска со копното.

По писмото до италијанскиот премиер Марио Драги од Асоцијацијата на општини на мали острови, Владата одлучи дека може да има исклучок од правилото. За патување до и од малите острови, ќе важи обичен зелен сертификат издаден и по ПЦР или антиген-тест за коронавирус, но само доколку целта на патувањето е од здравствени причини или обука.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!