Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови искри помеѓу Кина и Америка: Пекинг го обвини Вашингтон дека ја поттикнува Литванија на „БОРБА СО КИНА“!

Пекинг денеска го обвини Вашингтон дека ја охрабрува Литванија да ја „заузда Кина“ во спорот за статусот на Тајван, откако американските власти изразија поддршка за таа членка на Европската унија, која се соочува со кинески економски притисок.

Литванија е последниот фокус на кампањата на Кина за притисок врз компаниите и владите да ги усвојат ставовите на Пекинг за Тајван, Тибет и други чувствителни прашања.

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Соединетите Држави ги „охрабриле литванските власти да го поткопаат принципот „една Кина“, да ги поддржат, помогнат и да ги наведат „да продолжат по погрешниот пат со цел да се постигнат политички калкулации за ограничување на Кина“.

Официјални претставници на САД и Литванија велат дека Кина го блокирала увозот од Литванија откако владата во Вилнус дозволи отворање на трговска канцеларија наречена Тајван.

Кина возврати со протерување на литванскиот амбасадор, по што Литванија ја затвори амбасадата во Пекинг.

Пекинг и Тајван се во конфликт од 1949 година, кога националистите побегнаа на островот, поразени од комунистите во граѓанската војна во Кина.

Комунистичките власти во Пекинг никогаш немале контрола над Тајван, но сепак го сметаат островот за дел од кинеската територија, одбиваат да ја признаат нивната демократска влада и се закануваат со инвазија.

Соединетите држави и повеќето други земји, вклучително и Литванија, имаат дипломатски односи само со Пекинг, додека одржуваат трговски и неформални политички врски со демократски избраната влада на Тајван.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!