Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова сите го очекуваа: Новак Ѓоковиќ тренираше на Род Лејвер арената каде досега девет пати го подигаше шампионскиот пехар (фото)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со одлука на Федералниот суд доби дозвола за престој во Австралија и со тоа да учествува на претстојниот Австралија опен.

Сепак, реакцијата на австралиските власти кон српскиот ас не е завршена, бидејќи постои можност да му биде укината визата.

Новак Ѓоковиќ се јави од Мелбурн и ја испрати првата фотографија од Род Лејвер Арена!

Задоволен сум и благодарен на судијата кој ми ја преиначи откажаната виза. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Ќе останам фокусиран на тоа. Дојдов овде за да играм на еден од најважните настани пред неверојатни фанови, изјави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Засега не можам да кажам повеќе од едно БЛАГОДАРАМ на сите ширум светот кои ме поддржаа, ме зајакнаа и ме охрабрија да останам трезен и силен.

Ѓоковиќ помина шест дена во притвор за имиграција поради проблеми со визата од локалните власти.

Девет пати го освои Австралија опен. Тој ќе се обиде да ја освои својата четврта последователна титула и да влезе во историјата како играч со најмногу трофеи на Грен слем турнирите, доколку во Мелбурн ја освои 21-та во кариерата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!