Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриено што Ѓоковиќ напишал во официјалната изјава: Некој од повисока инстанца донел одлука да ја укине визата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се сомнева дека одлуката за укинување на визата за влез во Австралија ја донел некој кој е над функционерите со кои имал работа на аеродромот во Мелбурн.

Ова се наведува во писмената изјава на српскиот ас под заклетва, која ја објави Федералниот окружен суд во Мелбурн.

Во потпишаната изјава, Новак рече дека бил уморен, вознемирен и збунет кога службеник на австралиските гранични сили му рекол дека може да му биде забранет влез во земјата.

„Верував дека ги почитував сите правила за дозвола за влез во Австралија. Не разбрав што се случува“, напиша Ѓоковиќ во изјавата под заклетва.

„И не разбрав зошто тој (службеникот) размислуваше да ми ја одземе визата. Бев вознемирен и збунет. Беше околу 4 часот наутро и ми требаше помош и му го кажав тоа“.

Ѓоковиќ напиша дека се чувствувал под притисок да го продолжи интервјуто со службеникот на Граничната служба, а подоцна верувал дека интервјуто е одложено за 8.30 часот за да му се овозможи да разговара со своите адвокати и тениски службеници во Австралија.

Но, околу 7.40 часот наутро, службеник на граничните сили се вратил и му рекол на Ѓоковиќ „дека ќе ме отстранат од Австралија како нелегален недржавјанин“.

Ѓоковиќ напишал дека службениците со кои имал работа на аеродромот често го оставале сам за да може да разговара со претпоставените.

Сето ова ми даде впечаток или идеја дека одлуката за мојата виза не беше целосно на луѓето кои разговараа со мене, туку на некој друг над нив“, напиша тој.

Изјавата на Ѓоковиќ ги вклучува документите на претставниците на граничните сили, но светскиот број еден одби да потпише документ со кој се потврдува дека визата му е укината.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денес рано наутро по наше локално време ја победи Владата на Австралија и со тоа доби можност да влезе во земјата и да настапи на Австралија Опен.

Иако одлуката на судот треба да биде последна во хаосот кој трае веќе седум дена, засега е само продолжение на приказната за Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ за Австралија замина на 4 јануари. По тој повод испрати порака дека добил медицинско ослободување од вакцинација.

Меѓутоа, еден ден подоцна на Новак не му беше дозволен влез во земјата.

После тоа, Ѓоковиќ помина низ неколку сослушувања и беше ставен во притвор на аеродромот во Мелбурн.По тој повод неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ, објави дека се составува одбрана на Новак.

Малтретирањето на Ѓоковиќ продолжило и по аеродромот, бидејќи бил сместен во хотел каде што не добивал редовна храна.

Новак за прв пат проговори на Бадник.

Србите од Австралија се собраа пред хотелот во кој е сместен Новак и секојдневно му даваа гласна поддршка.

Ѓоковиќ и неговиот адвокатски тим веднаш поднесоа жалба на одлуката на граничната полиција за забрана за влез.

Дека се работи за политички прогон на Новак Ѓоковиќ, јасно е и шокантната закана на австралиската влада, дека нема да ја почитува одлуката на судот доколку таа оди во прилог на српскиот тенисер.

И покрај сите притисоци, Новак Ѓоковиќ ја доби австралиската влада на суд, па таа одлука му ја врати визата за престој во Австралија.

Одлуката на судот значеше дека Новак Ѓоковиќ е слободен човек.

Но, министерот за имиграција Алекс Хок сè уште има дискреционо право да го депортира Ѓоковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!