Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОДГОТВЕНИ ЗА ВИСТИНАТА? Социјалната мрежа на Трамп ќе започне со работа кон крајот на следниот месец

Неофицијално се дознава дека мрежата на Трамп ќе стане достапна на 21 февруари

Откако беше протеран од социјалните мрежи, поранешниот американски претседател Доналд Трамп го загуби омилениот канал за комуникација затоа што секојдневно ги споделуваше најважните информации и мисли со милиони следбеници на Твитер.

Непоколеблив Трамп одлучи да отвори своја социјална мрежа од која никогаш нема да биде избркан или замолчен. Така, пред неколку месеци беше објавен план за лансирање на мрежата „Truth Social“ која треба да им овозможи на сите слободно да ги изразат своите чувства.

Трамп Џуниор нагласи дека една од целите на мрежата ќе биде борбата против технолошките гиганти како Фејсбук или Твитер, кои имаат најголемо влијание и контрола врз интернет просторот.

Според достапните информации, Truth Social би требало да биде слична на омилената мрежа на Трамп – Твитер.

Кога беше претставена, тимот на Трамп не го прецизираше датумот на лансирање, но според неофицијалните податоци кои се појавија во јавноста, како датум на лансирање се споменува 21 февруари.

„Вистината“ е само првиот чекор на Трамповата компанија TMTG во освојувањето на медиумскиот пазар, бидејќи, по социјалната мрежа, планираат и претплатен видео сервис кој ќе вклучува вести, забавни содржини и подкасти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!