Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Авганистан: Количка удри во стара минофрлачка граната, загинаа 9 ДЕЦА

Во експлозија во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан загинаа девет деца, а четворица се ранети, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.

Во соопштението се вели дека експлозијата се случила кога количка со која се продавала храна удрила врз стара минофрлачка граната во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар.

Провинцијата Нагархар е седиште на Исламската држава, екстремистичка група одговорна за десетици напади, главно врз шиитското малцинство во земјата, но и врз Талибанците кои неодамна се вратија на власт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!