Вие имате прво да ја знаете вистината

Трошоците на живот во 2021 зголемени во споредба со 2020 година

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во споредба со 2020 година, трошоците на живот бележат пораст од 3,2 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,3 проценти.
Пораст е забележан во групите: Транспорт за 9,9 проценти, Ресторани и хотели за 5,9 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 процент, Здравје за 2,9 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 проценти, Разновидни стоки и услуги за 1,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на
домаќинствата за 1 процент и Облека и обувки за 0,2 проценти. Намалување на индексите имало кај комуникациите за 0,5 проценти, а образование е на исто ниво како претходната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!