Вие имате прво да ја знаете вистината

Францускиот претседателски кандидат: „ЛГБТ и антирасистичките идеологии го перат мозокот на нашите деца“

Францускиот десничарски претседателски кандидат Ерик Земур ги нападна антирасистичките и антихомофобичните групи во училиштата и ги обвини за перење мозок на учениците, повикувајќи на враќање на поконзервативен образовен систем.

Земур се натпреварува со поутврдената десничарска кандидатка Марин Ле Пен и конзервативната Валери Пекрес во борбата против актуелниот претседател Емануел Макрон на претседателските избори во април.

Според анкетите тој е на четвртото место.

„Нашите деца беа индоктринирани во последните 40 години“, им рече на новинарите Земур, кој беше осуден за поттикнување расна омраза.

„Училиштата не смеат да бидат место каде што ЛГБТ и антирасистичките идеологии го перат мозокот на нашите деца“, додаде тој.

Новинарот и политички коментатор се појави на политичката сцена летово, поврзувајќи ја својата кампања со носталгијата за идеализираното минато, истакнувајќи го во својот образовен план.

Смета дека основците треба да носат униформи, што било вообичаено пред неколку децении и сака повторно да го воведе „certificat d’etudes“ – диплома на крајот на основното образование, практика која беше отфрлена пред повеќе од 40 години.

Ќе се укине изучувањето странски јазици во основните училишта за децата да се фокусираат на француски и математика, а би се поттикнало изучувањето на грчкиот и латинскиот јазик во средните училишта.

Земур (63) е конзервативен, противник на истополовите бракови и рече дека целта на неговата претседателска кандидатура е да ја „спаси Франција“ од декаденција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!