Вие имате прво да ја знаете вистината

Шпионски мега-скандал ја потресе Данска: Уапсен долгогодишен шеф на тајната служба, а жестоките обвинувања ги нарече „луди“

Поранешниот дански шеф на военото разузнавање Ларс Финдсен (57) е уапсен под сомнение дека објавил многу доверливи информации, пишува Блумберг.

Финдсен беше суспендиран откако беше на чело на тајната служба од 2015 до 2020 година. Тој е само еден од четворицата поранешни или сегашни вработени во две дански разузнавачки агенции уапсени во декември.

Утрово, Окружниот суд во Копенхаген ја укина забраната за медиумите за идентификување на Финдсен како еден од осомничените, на негово барање.

Од притвор, каде што е еден месец, тој ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги „луди“.

Деталите за наводното протекување на многу доверливи информации сè уште не се откриени од данските власти, но скандалот се однесува на воената разузнавачка служба (ФЕ) – која е одговорна за одбрана на Данска од надворешни закани – како и на Данската служба за безбедност и разузнавање ( PET), на чие чело беше Финдсен од 2002 до 2007 година.

Тој поднесе оставка од својата последна функција во август 2020 година, откако беше обвинет за нелегално шпионирање дански граѓани и споделување информации со странски сили, веројатно со американската Агенција за национална безбедност. Меѓутоа, комисијата неодамна ги отфрли сите обвиненија.

Доколку биде осуден за откривање доверливи информации, Фајндсен се соочува со затворска казна до 12 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!