Вие имате прво да ја знаете вистината

Баш тресело, силен земјотрес од 6,6 степени по Рихтер го погоди Кипар

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди вторникот рано наутро Средоземното Море во близина на западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 19,6 километри, на 48 километри од градот Полис, соопшти USGS, а пренесе Франс прес.

Според прелиминарната проценка на овој институт, мала е веројатноста овој земјотрес да предизвика жртви или штети.

Кипар се наоѓа во област со интензивна сеизмичка активност, граничи со линијата каде што евроазиската тектонска плоча се среќава со африканската плоча.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!