Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео)Сцени кои не се паметат на ТВ: „Тој Србин е лажго, подмолно ѓубре, И тој ќе се извлече со тоа!

Новак Ѓоковиќ деновиве е главна тема во медиумите. На славниот тенисер неодамна му беше уважена жалбата на суд и беше сменета одлуката за одземање на визата, па тој сега тренира во Мелбурн и се подготвува за Австралија Опен.

Сепак, се појавија нови докази кои би можеле да значат депортација на српскиот тенисер. Имено, се шпекулира дека Ѓоковиќ се подготвувал за турнирот во Шпанија, иако тој тврди дека не отпатувал никаде цели 14 дена пред да дојде во Австралија. Во исто време, објавени се два резултати од ист ПЦР тест што го направил Новак Ѓоковиќ во Белград на 16 декември 2021 година. Едниот вели дека е позитивен, а првично објавениот тест е негативен!

Австралиските власти исто така многу внимателно истражуваат каде Новак Ѓоковиќ се движел низ Белград на 17 и 18 декември 2021 година. Тој бил виден и снимен во јавноста во неколку прилики како се дружи со многу луѓе, откако наводно бил „позитивен“ на PCR тест.

За целата ситуација пред да се приклучат на програмата зборуваа и презентерите на вестите на австралиската телевизија додека се подготвуваа за пренос.

-Кога гледаме се, Новак Ѓоковиќ е лажго, подмолно, ѓубре. Од која страна и да погледнете, невозможно е само тој да е во право. Не се шеташ наоколу кога си позитивен, лажеше, сигурно е лажен тест. И после тоа отиде во Шпанија, и ќе успее да се извлече од се – коментираа и го навредуваа тенисерот не знаејќи дека камерата ги снима.

Разговорот можете да го слушнете сами:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!