Вие имате прво да ја знаете вистината

Германциет против Ѓоковиќ: Стручни лица докажуваат дека тестовите на Ѓоковиќ се лажирани

Најдобриот светски тенисер слета во Австралија за да ја одбрани титулата на првиот Грен слем турнир, но потоа настана целата драма и се уште е неизвесно дали по десетти пат ќе успее да триумфира на Австралија Опен.

И покрај тестот кој тврдеше дека ја прележал короната, визата му била укината и по неколку дена му беше вратена на суд, но тоа не е се. Министерот за имиграција сè уште може да ја повлече визата и со тоа да му ја уништи можноста да игра на својот омилен турнир, кој го има освоено дури девет пати.

Сега сите гледаат низ лупа врз најдобриот тенисер на светот, а наводно под знак прашалник е и исправноста на неговата потврда за Ковид, односно тестирање. Последен доказ, според германците, дека нешто не е во ред со потврдата на српскиот тенисер носи најценетиот и исклучително влијателен германски неделник „Шпигел“.

Во документацијата на Институтот за јавно здравје на Србија се наведува дека Ѓоковиќ направил ПЦР тест на 16 декември во 13 часот и 5 минути, а тој тест покажал дека е позитивен на коронавирус седум часа подоцна. Сепак, германскиот весник наведува дека е спорно што неговиот позитивен резултат бил внесен во дигиталната етикета дури на 26 декември во 14 часот и 21 минути, а таа ознака треба да се внесе неколку минути по пристигнувањето на резултатите.

Но, адвокатите на Ѓоковиќ прикажаа два теста, позитивниот на 16 декември и негативниот на 22-ри и врз основа на тоа добија виза за деветкратниот шампион на Австралија опен. Вториот, негативен тест, е направен на 22 декември и бил означен со дигитална ознака.

Шпигел ги направи овие откритија кога го скенираше QR кодот на сертификатот за позитивниот тест, кој гласи 16 декември. Кога новинарите го скенираа тој тест, се покажа дека е негативен, што според нив ги поби тврдењата дека Ѓоковиќ тогаш бил заразен. Сепак, по само неколку часа и повторно скенирање, истиот тест беше позитивен!

Ова не се единствените дупки, според „Шпигел“, во приказната на Ѓоковиќ. Тие наведуваат дека во Србија за секој тест се доделува нов матичен број. Бројот на позитивниот тест на Ѓоковиќ, кој, според неговиот тим, бил направен на 16 декември, е 7371999, додека бројот на негативниот тест од 22 декември е помал за 50.000!

Секако, бројките одат една по друга, па таа бројка би требало да биде многу поголема. Вака се покажало според наодите на германските ИТ експерти кои биле ангажирани и добро платени од Шпигел. Тврдат дека е докажано дека негативниот тест е направен и внесен во базата пред позитивниот, а не обратно како што требало и како што тврдат од Србија.

Помеѓу 22 и 26 декември во Србија се направени точно 50.000 тестови, што соодветствува токму на разликата во тестовите на Ѓоковиќ. Врз основа на сето ова, „Шпигел“ заклучува дека позитивниот тест најверојатно бил внесен подоцна, на 26 декември, а не десет дена порано.

Германците пишуваат дека новото октритие отвора многу нови прашања. Дали тоа значи дека Ѓоковиќ бил позитивен подоцна отколку што тврди? Дали на друг начин манипулираа со тестовите? Ѓоковиќ и неговиот тим, како и надлежните српски здравствени институции мора да дадат одговор на сите овие прашања, заклучуваат германците во опсежното истражување објавено во „Шпигел“, чија издавачка куќа се наоѓа во Хамбург.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!