Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем пожар во Далмација, огнот проголта јахта долга 20 метри

Голем пожар избувна денес околу 13 часот на јахта долга 20 метри во марината Д-Марин Далмација во Сукошан.

Пожарникарите од противпожарната станица во Задар и доброволната противпожарна бригада Сукошан се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот од копното, но пламенот бил толку голем што јахтата целосно изгорела .

На терен има неколку противпожарни возила, а десетина пожарникари се уште го гаснат пожарот, кој делумно ги зафатил и соседните пловни објекти.

Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!