Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралот Казу најде нов клуб на 55 години, потпиша на 11 јануари во 11 и 11, тоа е симболот на играчот со број 11

Најстариот фудбалер на светот Казујоши Мијура потпиша нов договор во 55-та година од животот.

„Кралот Казу“ ќе игра за четвртолигашот Сузука Поинт Гетерс, чиј тренер е неговиот постар брат, а на клубот му се приклучи на 11 јануари во 11:11 часот, симбол за напаѓачот со број 11.

Мијура, кој имаше неколку понуди од Јапонија и од странство, се надева дека ќе има поголемо влијание во неговата новата формација чиј тренер е неговиот брат Јасутоши.

Легендарниот Јапонец минатата сезона настапуваше за прволигашот Јокохама, а покрај во Јапонија во својата долга кариера настапуваше и во Хрватска, Бразил, Италија и Австралија.

Тој се приклучи на националниот тим во 1990 година, но го пропушти првиот настап во Јапонија на Светското првенство во 1998 година, и покрај тоа што постигна 55 гола на 89 натпревари.

Неговиот нов клуб Сузука стана познат во 2019 година кога стана првиот јапонски клуб чиј тренер е жена, Шпанката Мила Мартинес (Мартинез).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!