Вие имате прво да ја знаете вистината

Министерството за правда на САД формира единица против домашниот тероризам

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе формира нова единица во Министерството за правда за борба против домашниот тероризам по минатогодишниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на Капитол, изјави денес висок претставник на американската администрација.

„Се соочуваме со зголемена закана од домашни насилни екстремисти и поединци во Соединетите држави кои сакаат да извршат насилни злосторства за да промовираат социјални или политички цели“, рече Метју Олсен, помошник државниот адвокат во Одделот за национална безбедност на Министерството за правда, пред сенатската комисија за правосудство.

„Домашните насилни екстремисти честопати се водени од комбинација на идеологија и лични проблеми. Видовме растечка закана од оние мотивирани од расна омраза, како и од поборниците на екстремистичките идеологии кои ги предизвикуваат владата и власта“, додаде тој.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд им рече на конгресмените во мај минатата година дека домашните насилни екстремистички групи, особено белите врховисти, се растечка закана за Соединетите држави.

Олсен објасни дека новата единица ќе функционира во рамките на одделот за национална безбедност и ќе „обезбеди правилно управување со овие случаи и ефективна координација“ во рамките на министерството и низ целата земја.

Министерството за правда поднесе кривична пријава против повеќе од 725 лица за упад во зградата на Капитол на 6 јануари 2021 година, со што поддржувачите на Трамп се обидоа да ја спречат потврдата за победата на Бајден на изборите во 2020 година.

Некои од обвинетите се членови на екстремно десничарски групи како што се „Гордите момчиња“, „Чувари на заклетвата“ и „Три проценти“.

Висок функционер на ФБИ им кажа на конгресмените во ноември дека ФБИ спроведува околу 2.700 истраги за домашен насилен екстремизам.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!