Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови вести од Австралија, дури и ако му ја укинат визата Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн!?

Додека министерот за миграција во Владата на Австралија, Алекс Хок, се уште размислува дали да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ, од оваа земја пристигнуваат вести кои можат да го охрабрат најдобриот тенисер во светот.

Д-р Нина Марковиќ Казе, политиколог и директор за комуникации во компанија која се занимава со имиграциско право во Австралија, за српските медиуми ги објасни следните чекори кои можат да следат.

Дури и министерот да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, на што тој има право, сепак може да се поднесе жалба во рок од 28 дена. Новак би добил дозвола од Судот за настап на Австралија опен додека е во тек евентуално новиот процес, изјави за српската телевизија Прва, Марковиќ Казе.

По овие зборови, јасно е дека најдобриот светски тенисер ќе може да го брани трофејот во Мелбурн и ќе ја исполни својата спортска мисија, а тоа е учество на Австралија опен и покрај сите перипетии со визата и притворот во кој се наоѓаше од 5 јануари кога стапна на тлото на Австралија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!