Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово вчера го лишиле од слобода кумановецот С.Б.(29), кој се барал за доиздржување на казна затвор поради сторени кривични дела по член 237 и 236 од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.