Вие имате прво да ја знаете вистината

Синдикатите во „Железници Транспорт“ бараат новата влада да го реши проблемот со 80-те работници

Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа.

Бараат Министерството за финансии да одговори позитивно на барањето за вработување на овие 80 лица и средба со новиот премиер и со министерот за транспорт и врски со цел продолжување на отпочнатите разговори за компанијата.

– Доколку на овие наши барања не биде благовремено и во целост позитивно одговорено, ние како синдикати ќе ги преземеме сите мерки што ни стојат на располагање со цел да ги заштитиме нашите колеги и нашата компанија, се вели во соопштението.

Во декември, синдикатите реагираа дека за 80 лица вработени во „Железници Транспорт“ не е дадена согласност од надлежното Министерство за продолжување на нивниот работен ангажман со што компанијата останува без извршен персонал кој е неопходен за безбедно и непречено одвивање на железничкиот сообраќај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!