Скандал на Африканското првенство: Ограбени новинари од Алжир, оставен без пари, пасоши и избодени со нож
Започна Африканскиот куп на нации кој веќе ги доби своите „први жртви“ со оглед на тоа што тројца новинари од Алжир беа ограбени и избодени со нож.
Инцидентот се случил во неделата во Дуала, кога разбојници ги нападнале и им ги украле парите, телефоните и пасошите, набргу откако новинарите го напуштиле хотелот „Бонаприсо“ во најголемиот град Камерун.
Мехди Дахак, новинар и сопственик на портал од Алжир, изјави дека на неговиот колега му е потребна лекарска помош, бидејќи се здобил со две многу длабоки рани, додека тој самиот ќе продолжи да известува, бидејќи „само е удрен по лицето“. Третиот новинар заврши без последици.
Камерунските власти веќе почнаа истрага за сторителите, а се очекува во наредните денови да ги откријат крадците кои за малку ќе убиеја тројца новинари, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си Африка.