Дијана Ѓоковиќ на скијање го запознала таткото на Новак, Срѓан. Забременила со Новак и се омажила пред да заврши училиште.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ замина во Австралија да настапи на првиот Грен слем годинава и заврши во притвор бидејќи не бил вакциниран против коронавирусот.
Неговата мајка Дијана едвај ги задржуваше солзите додека зборуваше низ што поминувал Новак. Таа смета дека нејзиниот син е жртвено јагне и дека нападот врз него е политички.
Никој не го заслужи овој третман, ниту оној кој девет пати го освои турнирот. Тоа е скандалозно. Сега е очигледно дека не смее да игра. Го префрлаат во валкани хотели и го држат со часови во очајни услови, нема контакт со нас, изјави Дијана, пред неколку дена.

Според мене тој е голем победник. Тој е некој кој е револуционер, кој го менува овој свет и мислам дека тоа веќе започна. Ќе има најголема можна поддршка, додаде Дијана, а пренесува белградски Курир.
Инаку, мајката на Новак, Дијана е по потекло од околината на Винковци. Таткото на Новак, Срѓан, го запознала на скијање. Таа останала бремена со Новак и се омажила пред да дипломираат на факултет.

Таткото на Дијана, Зденко Жагар, е Хрват од Винковци и моментално живее во квартот Чукарица во Белград. Тој во интервју за Нова.рс пред две години рече дека отсекогаш се декларирал како Југословен. Тој се разведе од бабата на Новак, Санда, а неговата втора сопруга почина.
Зденко рече дека семејните односи не се баш идеални, бидејќи мајката на Новак го обвинува за разводот и дека таа не може да му прости. Ја цени сопругата на Новак и беше на нивната свадба. Смета дека Новак го напаѓаат затоа што е Србин и дека им пречи на Надал, Федерер и другите кои се полоши од него.